English



     
Врз основа на член 18 и 25 од Законот за здруженија на граѓани и фондации и член 21, 23 и 28 од Статутот на Здружението на граѓани Здружението за јакнење на цивилното општество ЛИДЕР ЛП со адреса на ул. „Скопска“ бр. 9а Скопје, основачите - членови на здружението, на седницата одржана на 06.01.2006 година ја донесоа следната
     
ПРОГРАМА
за дејствување на Здружението за јакнење на цивилното општество ЛИДЕР ЛП
     

Со оваа програма се утврдуваат основните насоки во севкупната активност и дејствувањето на членовите од Здружението за јакнење на цивилното општество ЛИДЕР ЛП со адреса на ул. „Скопска“ бр. 9а Скопје (во понатамошниот текст: Здружението), заради остварување на целите и задачите на здружувањето, непосредно зададени во Статутот и другите акти на Здружението.

Програмската ориентација за дејствувањето на Здружението се зацртува за период од 4 години а истата ќе се операционализира во годишни програми, коишто ќе се донесуваат на редовните собраниски седници.

Здружението на граѓани е формирано со слободно здружување на граѓаните, а заради остварување и усогласување на своите интереси за вршење на дејности и активниости со цел унапредување и развивање на хуманитарни, социјални, културни, спортски и други релации во општеството, преку активности насочени пред се кон младата популација, со цел омасовување и развој на демократијата во Република Македонија со посебен акцент кон организирање на разни семинари во Скопје и низ Републиката.

Оваа програма ќе се остварува пред се преку:
- развој, афирмација и омасовување на цивилното општество
- развој на демократијата во Скопје и РМ;
- спроведување на активности насочени кон развој на цивилното општество и демократијата РМ и пошироко
- запознавање и меѓусебно зближување на членовите и сите заинтересирани граѓани како и преземање на активности со цел зближување и запознавање со други народи и култури преку соработка со други слични здруженија од земјава и пошироко;
- давање на активен придонес од своите членови во зачувувањето, заштитата и унапредувањето на општеството;
- грижа за изградба и одржување цивилното општество и демократијата;
- хуманитарни, социјални, културни, научни, стручни, економски и други права, интереси и уверувања во согласност со овој Статут, Уставот и Законите на РМ;
со здружувањето, на граѓаните коишто сакаат да се занимаваат со јакнење на цивилното општество и демократија.

За постигнување на поставените цели и задачи здружението ќе соработува со невладините организации и здруженијата на граѓани кои имаат исти или сродни програми, а пред се со просветните, образовните, научните, стопанските и други организации и друштва.

Остварувањето на целите и задачите, односно остварувањето на богатите содржини во програмските активности и дејствувањето на Здружението ќе се спроведува преку организирање на разни семинари и превземање на други активности.

Воедно ќе се организираат курсеви, семинари и други видови на едукативни активности со цел промовирање цивилното општество и демократијата на кај граѓаните.


     
     
     
     

 

Јавна дебата за популрниот закон за ЛУСТРАЦИЈА







 
Copyright 2007 © Lider-LP