English



   
Врз основа на член 18 и член 25 став 1 точка 2а и членовите 5 и 20 од Законот за здруженија на граѓани и фондации („Службен весник на РМ“ бр. 31/2000), Собранието на Здружението за јакнење на цивилното општество ЛИДЕР ЛП со адреса на ул. „Скопска“ бр. 9а Скопје, на основачката седницата одржана на 06.01.2006 година го донесе следниот
   
С Т А Т У Т
на Здружението за јакнење на цивилното општество ЛИДЕР ЛП – Скопје
   

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Здружението за јакнење на цивилното општество ЛИДЕР ЛП со адреса на ул. „Скопска“ бр. 9а Скопје (во понатамошниот текст Здружение) е невладина и непартиска асоцијација која на преден план во својата визија го става граѓанското општество и негов напредок.
Како начин на делување Здружението посебено ќе се ангажира во организирање на разни настани поврзни со нејзината дејнос во Скопје и низ Републиката

Член 2
Граѓаните коишто сакаат да се занимаваат со развој, афирмација и омасовување на цивилното општество и воопшто сите граѓани коишто се демократски ориентирани заради:
- остварување на сопствениот интерес во активности на развој, афирмација и омасовување на граѓанското општество
- задоволување на потребите од стручна и друга помош;
- давање на сопствен придонес во ангажирање на граѓаните во различни активности со посебен акцент кон младата популација.

Член 3
Здружението своите цели, задачи и дејности ги остварува во согласно со Уставот и законите на Република Македонија.

Член 4
Здружението е аполитичко здружение на граѓани кое не прави национална, верска и расна разлика и како такво нема да биде зачленето во ниедна политичка организација.

   
   
 

 

Јавна дебата за популрниот закон за ЛУСТРАЦИЈА







 
Copyright 2007 © Lider-LP